fbpx

Загадувањето е последица на не одговорната власт која веднаш мора да замине!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Власта во заминување не смееше да дозволи да не преземе ништо против енормното загадување на воздухот, што дополнително го комплицира здравјето на граѓаните и ги полни болниците.

Нивото на опасните ПМ 10 честички во воздухот е многу пати над дозволеното. Официјалните податоци покажуваат дека во изминатите 7 дена загадувањето во Скопје и Битола било 15 пати повисоко од максимум дозволеното! Во Кавадарци 12 пати поголемо. Во Кичево 9 пати. Во Тетово 7 пати над дозволените граници.

Доколку Македонија беше членка на Европската Унија, власта во заминување досега ќе беше тужена од страна на Европската Комисија за убиство од небрежност на своите граѓани.

Мораше да бидат преземени краткорочни мерки во услови кога за 10 години оваа власт не направи ништо за овој проблем.

Предложивме бесплатен јавен превоз и запирање на градежните работи во деновите со екстремно високо загадување, но не се прифати.

Ние во Планот за живот во Македонија освен што ќе реагираме на актуелни ситуации, се обврзавме на низа долгорочни мерки за намалување на загадувањето, со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните. Ќе субвенционираме фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природенен ергенс.Ќе воведеме целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови.

Граѓаните гласаа за промени и итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните.

 

 

Скопје, 17.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести