Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Македонија е меѓу првите две земји во Европа по болни од грип!
Ова не можете да го слушнете од власта во заминување којашто крие.
Но овој официјален податок е објавен на интернет страницата на Светската здравствена организација https://flunewseurope.org , што можете да го видите на мапата за грип, што ви ја испраќаме во прилог.
Македонија е една од двете земји обележани со црвена боја, како држава со висок интензитет на грипот.
Недозволиво е институциите да кријат информации од граѓаните, посебно ако се однесуваат на нивното здравје!
Неодговорните власти во заминување од јавноста со денови криеле два смртни случаја на деца од грип! Според нашите информации, на Клиниката за детски болести во критична состојба е уште едно дете.
Граѓаните мора да ја знаат реалната состојба со грипот и вирусите во Македонија за да се заштитат, посебно во услови на големото загадување на воздухот, големиот студ што ја зафати земјава, а недостиг на вистинска превентивна заштита на населението.
Итно се потребни одговорни институции на граѓаните на Република Македонија што ќе се грижат за нивното здравје и нивните реални потреби.
Скопје 12.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА