Соопштение за јавност
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и уназадена
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена, не е горда Македонија како што ја најавуваа пред избори, народот е понижен, истакна пратеникот на СДСМ Оливер Спаспвски, за „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Во оваа година многу малку или воопшто не се работи, рече Спасовски, посочувајќи го како пример работењето на Собранието, каде суштински закони речиси нема, а сето друго е измена и усогласување со законите за државната управа.
Спасовски нагласи дека најголем проблем им беше името на државата, кое што не беше сменето од минатата година, а сега во сите законски решенија наместо Република Македонија, влезе Република Северна Македонија, што го покажува лицемерието на ВМОР-ДПМНЕ.
-Граѓаните не ги видоа оваа година ниту предлозите и ветувањата, кои што беа давани пред изборите за поништување на договорот со Бугарија, за ревидирање на преговарачката рамката со ЕУ. А немаме никакви реформи во ниту една област, истакна Спасовски, додавајќи дека на пример во правосудствто, кое остро беше напаѓано од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има реформа, донесен е закон во којшто е овозможено да се продолжи мандатот на сите судии за неколку години.
-Едноставно една празна година на неисполнети ветувања, празна година на обвинувања дека сите други се виновни само тие не се виновни, година во која што уназадува генерално слободата и во медиумите и во јавноста. Година и на разочарувања заради тоа што големите очекувања носат големи разочарувања. Нема апсолутно никаков напредок, напротив, Македонија е уназадена, рече пратеникот на СДСМ Оливер Спаспвски, за „Тема на денот“ на Сител телевизија.