fbpx

Ќе ја укинеме радиодифузна такса!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните нема да ја плаќаат радиодифузна такса.

Граѓаните се изјаснија дека сакаат нова одговорна Влада, којашто ќе се грижи за нивните потреби, а ова е една од нивните потреби.

Бидејки ова е една од мерките за намалување на трошоците за живот на граѓаните.
Исто така тоа ќе се ослободи граѓаните од притисокот што сега го имаат, им тропаат извршители на врата, не можат да земат плата – поради блокирани сметки за радиодифузна такса. Само во декември беа подготвени решенија за присилна наплата на повеќе од 47.000 граѓани, во услови на огромна сиромаштија во Македонија. На многу наши сограѓани претпразнично им беа земани последните пари од нивните сметки за радиодифузна такса, или пак остана без егзистенција поради оваа давачка.

Завршува времето на досегашните закани и блокади кон граѓаните од УЈП за радиодифузна такса.

Македонската телевизија ќе се финансира  од Буџетот на државата и од други средства, од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. Од Буџетот на Република Македонија ќе се одвојува помеѓу 0.5% и 0.7% за националниот сервис МРТ. Нема да има комерцијални реклами на Македонската телевизија, освен за откупените програми каде што е задолжително рекламирање на спонзорите. МРТ исто така ќе продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери.

Така одлучи мнозинството граѓани кои избраа промени, квалитетен живот и реални политики.

Промените се незапирливи, доаѓа таков живот во Македонија! Од оваа 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

 

Скопје 12.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести