Соопштение за јавност – прес конференција на претседателот д-р Венко Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д‑р Венко Филипче, на денешната прес‑конференција укажа дека премиерот Мицкоски го има напуштено европскиот пат, а законските измени предвидени во реформската агенда не се реализираа до крајниот рок – 30 јуни.
Тој нагласи дека поради неспособноста на Владата предводена од ВМРО‑ДПМНЕ да ги исполни роковите од реформската агенда, 43 милиони евра пари од Планот за раст наменети за реформи останаа неискористени.
„Ова го говорат сите факти во однос на реформите, за кои не се задолжени ниту Бугарија ниту Грциja, туку самата Владата. Ова го гледаме во извештајот на ЕУ кој јасно ги детектира сите проблеми кои ги создава Владата а СДСМ цела година ги посочува и укажува за тие проблеми во јавноста. Степенот на реализиција на на реформската агенда покажува дека, заради неспособноста на Владата, повеќе од 43 милиони евра се практично неискористени. Истовремено, Владата не го оправдува, ниту го става во функција авансот од 52 милиони евра од Планот за раст на ЕУ“, подвлече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека само едно министерство и тоа благодарение на реформите подготвени уште во времето на Владата на СДСМ, успеало нешто конкретно да реализира.
„Министерството за економија, нула реализирани реформи. Министерството за правда, за цела година нула закони, цела година. Министерството за енергетика, нула проекти, еден закон којшто на крајот со амандмани е направен спротивно на препораките на ЕУ. Министерството за дигитализација,единствено тоа и тоа се реформи што беа подготвени уште од нашето време, успеа да испорача нешто конкретно“, рече Филипче.
Тој посочи дека огромни суми достапни од ЕУ останаа неискористени, дел поради неспособност, дел поради недостиг на интерес.
„Очигледно повеќе ги интересираат скапите кредити од странство наместо бесплатните средства кои се поддршка за реофрмите кои ги бараат граѓаните. Имаме историски најслаб реализација на тие реформи што јасно укажува дека реформи со оваа власт нема да има“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.