fbpx

Граѓаните одлучија, промени и нова Влада, Груевски е минато!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните во огромно мнозинство избраа промени и живот.
Демократските процеси во Македонија никој повеќе не може да ги запре.

Никола Груевски е откриен од домашната и од меѓународната јавност во неговите обиди, преку реториката на конфликт и омраза, да ја изолира Македонија и на тој начин да ја спаси криминална власт.

Граѓаните масовно порачаа дека им е доста од политичари како Груевски кои им нанесуваат штета на нив и на Република Македонија, со криминалните политики, со нападите врз претставници на меѓународната заедница во земјава, врз граѓанскиот сектор и целата демократска јавност.

Груевски е минато. Попусти се неговите дообјаснувања преку прес конференции полни со лаги.

Следува нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе се грижи за граѓаните и државата.

Секој кој правел зло ќе одговара.

 

Скопје, 04.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести