Соопштение за јавност
Ќе ја покачиме минималната плата на 12.000 денари и тоа ќе биде најниската плата што со закон ќе им ја гарантираме на сите работници во Македонија.
Тоа ќе значи дека работниците кои сега примаат 10.800 денари плата, најдоцна од април ќе примаат 12.000 денари.
Тоа значи и дека работниците во текстилната и кожарската индустрија, кои сега примаат 9.000 денари плата, најдоцна од април ќе примаат исто така 12.000 денари минимална плата. Финансиски ќе ги поддржиме претпријатијата за да можат да даваат минимална плата од 12.000 денари.
Сите работници заслужуваат еднаков третман од државата и заштита на нивниот труд.
Работниците во Македонија затоа избраа промени и гласаа за Планот за живот во Македонија.
Граѓаните ги отфрлија криминалните политики на досегашната власт кои осиромашија над 500.000 граѓани, ги делат работниците и ги нудат како евтина работна сила. Поради тоа работниците во Македонија земаат најниска минимална плата во споредба со земјите од регионот и од Европа.
Поддршката на граѓаните е наша задача и обврска. Тоа што го ветивме ќе го направиме. Ќе има минимална плата за работниците од 12.000 денари, до април.
До крајот на мандатот, минималната плата ќе достигне до 16.000 денари. Покачувањата на минималната плата, заедно со другите планирани економски мерки ќе ја покрене спиралата на покачувања на платите, со што просечната плата во државата ќе ја покачиме до 30.000 денари.
Граѓаните ќе земаат повисоки плати и ќе живеат достоиствено во Македонија.
Доаѓа живот! Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.
Скопје, 03.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА