fbpx

Груевски е минато, граѓаните избраа промени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доаѓа живот. Режимот е поразен. СДСМ заедно со граѓаните оствари историска победа од над 600.000 гласови коишто го потврдија патот на промените.

Никола Груевски со нарачаните текстови не може да ги спречи започнатите промени.

Груевски е веќе минато и со право е исплашен дека останува сам по напуштањата од најблиските соработници кои почнаа со Антонио Милошоски. Но за Република Македонија е добро да има чистење на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејки на државата и е потребна конструктивна опозиција.

За целата јавност веќе е јасно, Република Македонија ќе добие нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

 

26.12.2016, Скопје

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести