Соопштение за јавност
Наместо да свикува состаноци со скопските градоначалници, Коце Трајановски треба да се сретне со неговиот наредбодавач Никола Груевски и да го извести дека заврши времето на злоупотреби на парите на граѓаните за раскош, луксуз и за провизии.
Трајановски треба да му каже на Груевски дека новата влада ќе изврши пренамена на парите од централниот буџет.
Ќе се пренаменат 20-те милиони евра кои по наредба на Груевски се трошат за Панорамско тркало.
Ќе се пренаменат 5,7 милиони евра кои само во 2017 година, Груевски сакаше да ги потроши на нови барокни фасади.
Ќе се пренаменат 500 илјади евра, кои Груевски сакаше да ги потроши за партерно уредување на партиското седиште на ДПМНЕ.
Новата влада ќе ги пренамени овие пари за намалување на загаденоста на воздухот.
Со овие пари ќе се овозможи бесплатен јавен превоз за сите граѓани во денови на високо загадување и субвенции за греење за социјално најранливите категории.
Ќе има и посебен сообраќаен режим и времен целосен прекин на сите градежни активности во Скопје.
Единственото нешто што може Коце Трајановски сега да го направи за да го намали загадувањето е да си поднесе оставка и да остави проблемите да ги реши новата влада, а потоа и новиот градоначалник на Скопје кој ќе биде избран на локалните избори во 2017 година.
Скопје, 26.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА