fbpx

Телеграма од претседателот Заев до рускиот народ во име на граѓаните на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграма со сочувство до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и граѓаните на Русија за трагичната авионска несреќа со многу жртви што денеска ја потресе земјата.

„Изразувам искрено сочувство до семејствата на настраданите, до рускиот народ и до државно – владиниот врв, во име на граѓаните на Р.Македонија, Социјалдемократскиот сојуз и мое лично име, за трагичната авионска несреќа во којашто авионот Ту-154 на руското Министерство за одбрана се урна во Црното море на пат кон руската база Хмејмим.

Длабоко не потресе веста за падот на авионот со 93 патници и членови на екипажот, најголем дел од нив музичари од рускиот воен хор Александров кои требало да настапат на прославата за Нова Година во базата, како и новинари и руски воени офицери.

Во овој тежок ден за Русија, нашите мисли се со фамилиите на загинатите и со граѓаните на Русија со надеж дека ќе најдат сила за утеха за ненадоместливата загуба.

Изразуваме подготвеност за помош во рамки на нашите можности“.

 

25.12.2016, Скопје

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести