fbpx

Вечер да се извини за очајните лаги, ништо не му помага на поразениот Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очајни лаги се пишувањата објавени во Вечер.

Провладиниот медиум на ниеден начин повеќе не може да му помогне на распаметениот Груевски од промените за коишто веќе се изјаснија над 600.000 граѓани на Македонија.

Никола Груевски независно од гласањето во Теарце доживеа катастрофален пораз после којшто за него нема повеќе место во политиката.

Знаат граѓаните од проектот Вистината за Македонија дека токму Груевски и соработниците во ВМРО-ДПМНЕ се служеле со поткупи, уцени, закани, притисоци, изборен криминал, корупција и затоа го казнија режимот и избраа живот и правда.

Знаат и Груевски и соработниците дека одговорност за сите противзаконски дела мора да има и ќе има.

Затоа се измислиците на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ секој ден на различна, не постоечка тема.

Демократските промени што веќе се случуваат го испраќаат Груевски во историјата.

Бараме од Вечер извинување за објавените лаги. Во спротивно ќе следува тужба за клевета.

 

Скопје 23.12.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести