fbpx

Се случуваат промени и крај на режимот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија потврдија дека режимот на Никола Груевски е поразен, граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени.

Објавените првични неофицијални резултати на ДИК покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати. Мал број гласови се одлучувачки за бројот на мандати во неколку изборни единици. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на бројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период. Ваквите проблеми коишто имаат влијаните врз конечкиот исход од изборите, се констатирани и од набљудувачите на изборниот процес.

До прогласувањето на конечните резултати од ДИК едно е кристално јасно. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце.

Во Македонија промените се случуваат.

 

 

12.12.2016 Скопје

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести