Соопштение за јавност
Режимот е поразен! Граѓаните на Република Македонија избраа живот!
Мнозинството граѓани на Македонија гласаа за добар живот, за стабилност, за слобода, за демократија, за правда, за промени. Мнозинството граѓани се изјаснија дека не сакаат криминалци да владеат, кои крадат пари и избори и дека нема повеќе место за политичари како Никола Груевски.
Сите партии што добија пратенички мандати од граѓаните, освен ВМРО-ДПМНЕ, имаат обврска да ја почитуваат јасно изразената волја на мнозинството граѓани на Македонија, за промени!
Режимот и Никола Груевски не смеат да формираат Влада во Република Македонија.
Евидентни разлики постојат во резултатите од записниците на избирачките места и резултатите што ги објави ДИК и само ако се корегираат овие бројки соодносот на добиени мандати е 50 : 50.
Дополнително има и приговори за нерегуларностите за коишто известија и набљудувачите на изборите. Поради ова, вистинската слика за бројот на добиени мандати ќе ја дадат конечните резултати. ДИК
има обврска низ транспарентна постапка, пред очите на јавноста, да ги даде сите одговори во интерес на јавноста.
Скопје, 13.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА