Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, и носителка на кандидатска листа во ИЕ5, Радмила Шекеринска вчера се обрати на митингот на СДСМ и коалицијата пред граѓаните на Кичево.
„После 10 години владеење пишуваат „Почнуваме“. Замислете, тие почнуваат после 10 години. Е не. Сакаме да им испратиме порака на тие од власта. После 10 години не почнувате. После 10 години завршувате“, рече Шекеринска.
Таа го претстави Планот за живот во Македонија кој, меѓудругото, се фокусира на зголемување на платите.
„Го чувме Груевски како вели дека 16 милиони евра мито за еден тендер, не биле многу, ама 16 илјади денари плата била многу. И од Груевски претерано е. Ќе обезбедиме со порастот на минималната плата, со 140 милиони евра кон домашните фирми, просечната плата во Македонија да порасне до 30 илјади денари“, рече Шекеринска.
Таа ги повика граѓаните да го поддржат Планот за живот во Македонија гласајќи за бројот 4 на изборите на 11 декември.