Соопштение за јавност
СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот
Скопје 4 години тоне на секое поле, скопјани се соочуваат со нехигиена, хаос во јавниот превоз, урбанистичко дивеење, а ВМРО- ДПМНЕ и Арсовска се фатија за рециклирање на споменици од режимот и криминалниот Скопје 2014.
Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.
На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани.
На скопјани им треба чисто Скопје со функционални претпријатија, обнова на јавниот превоз, да живеат во метропола во која може да стигнат навреме и без нервози.
На Скопје му треба запирање на урбанистичкиот хаос, целосна обнова на постојната инфраструктура на градот и враќање на културата, животот и урбаниот дух на Скопје, кој толку многу недостига.