fbpx

Трајчулески до Мицкоски: Ние од СДСМ сме наследници на антифашизмот, а вие на хибридната идеологија на Ванчо Михајлов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Трајчулески до Мицкоски: Ние од СДСМ сме наследници на антифашизмот, а вие на хибридната идеологија на Ванчо Михајлов

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски осудувајќи ја реториката на ВМРО-ДПМНЕ за предавници и обвинувањата упатени кон опозицијата посочувајќи дека СДСМ се наследници на антифашизмот а ВМРО-ДПМНЕ на хибридната идеологија на Ванчо Мијалов и Тодор Александров.

-Кога зборуваме за историја и кога зборуваме за историски факти, кога зборуваме за предавници и патриоти –на погрешна адреса се обраќате. Јас сум Митко Трајчулески од Крушево, од градот симбол на македонската борба, непокор. На гробовите на моите предци има петокрака. Имаме чиста и јасна идеологија и ние сите, како социјалдемократи, сме наследници на асномските идеали и вредности на антифашизмот – за разлика од хибридната идеологија на ВМРО-ДПМНЕ, која час се претставува како наследник на Ванчо Михајлов и Тодор Александров, а час на Гоце Делчев. И тоа е каменот кој ќе стои на вратот на ВМРО-ДПМНЕ за век и веков. А да се уверуваат граѓаните, или мене да ме обвинуваат за предавство – мислам, тоа е навистина нереално. Одете во Крушево и кажете му на вашиот општински комитет: ‘Овие се предавници’ или ‘Овие се Бугари’. Верувајте, ќе ви се смеат. Ние знаеме од каде доаѓаме и знаеме каква идеолошка подлога носиме, рече Трајчулески.

Последни вести