fbpx

Заев: Плата плус во секое семејство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше средби со граѓаните на Валандово, кои му се пожалија за масовното иселување на младите низ западна Европа, но и во Ирак. Зборуваа за Планот на СДСМ за живот во Македонија, и се фокусираа на мерката за поврат на 15 проценти од ДДВ.

„Една од најважните мерки којашто веднаш после 11 декември ќе биде донесена од страна на Собранието и имплементирана од страна на Владата, ќе биде враќање на 15 проценти од данокот на додадена вредност.

Сите ние граѓани плаќаме секој ден за се што значи наш живот. Секаде го плаќаме данокот на додадена вредност. Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ддв внатре. Ние предлагаме 15 проценти од тоа ддв што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за се што плаќаме, 15 проценти да се врати назад кон граѓаните.

Тоа ќе обезбеди годишно 30 илјади денари, уште една плата повеќе во секое семејство. Со тие пари граѓаните може да си ги платат давачките, трошоците, извршителите, кредит да вратат, или дел од кредит да вратат, да купат нова соба на младите дома, да може да платат годишен одмор. 30 илјади денари секое семејство ќе има дополнителен приход.

Тое е една мерка којашто е применета во некои земји и дава одличен резултат. Покрај другите мерки за враќање на парите назад кон граѓаните, оваа мерка навистина ќе даде одлични резултати, и ќе биде за секој граѓанин во нашата Македонија.

Реализацијата е преку платежната картичка. Кога плаќаме во дуќанот, кога плаќаме во земјоделската аптека, во бутикот, само ја даваме платежната картичка, и таа ќе го инкасира данокот којшто секој го враќа. Со тие пари граѓаните можат да купат се што сакаат, за потребите на домаќинството“, рече меѓудругото во изјавата претседателот Заев.

Валандово
22.10.2016 година

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести