Соопштение за јавност
Почитувани,
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше средби со граѓаните во велешката Чаршија. Децата ни заминуваат од државата, има ли нешто поболно од тоа – ова е маката што ја споделуваат велешани. Претседателот Заев им зборуваше за Планот на СДСМ за живот во Македонија.
„Најголемата болка на сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде во Македонија, кога ќе завршат да се вработат овде во Македонија, да основаат свое семејство овде во државата, да ги гледам и моите деца и моите внуци овде околу мене. Сигурно тоа го посакува секој родител за своето дете. Јас го посакувам за сите наши деца, да останат овде, да гледаат живот овде во Македонија! Тоа е нашиот план! Имаме План за живот во Македонија“, рече меѓу другото во изјавата претседателот Заев.
Претседателот Заев објасни дека основа на Планот е пренасочување на сите пари кон граѓаните.