fbpx

Трчавме за домашните мали и средни фирми и порачаме: Важни ни се!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Домашните фирми ни се важни! Оваа порака ја испратија денеска претставниците на СДСМ кои учествуваа на Бизнис трка 2016 организирана од „Прв до врв“.

Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика беа меѓу 50-мината учесници во трката во Градскиот парк со цел да ја покажат цврстата определеност на СДСМ кон развој на домашните фирми во Македонија.

СДСМ во Планот за живот во Македонија предвидува поддршка на малите и средни претпријатија со 140 милиони евра!

На настанот што заврши предмалку, претставниците на СДСМ се пласираа во првата четвртина од учесниците.

Скопје, 16.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

Последни вести