fbpx

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.

„Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина телото од изборниот закон од процентот на потребни потписи да се кандидираат независните листи власта чекаше до последниот момент да даде предлог на закон откако изборите беа распишани. За жал не направија ништо ниту да се обидат тој закон за помине во Парламентот, не дојдоа сите пратеници од коалицијата од ВЛЕН од дел од националностите. Не се ни обидоа да го обезбедат бадентеровото мнозинство иако ние како СДСМ дадовме поддршка за тој процес. Излеговме во пресрет и ја подржавме и го поддржавме и предлогот да се намали цензусот на 0,5% во интерес на тоа да граѓаните ја изразат својата волја преку независните листи да може во еден јасно структуриран процес тие да се кандидираат и да ги дадат своите кандидати. За жал власта целосно потфрли“, рече Филипче

Целосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.

Последни вести