Соопштение за јавност
Претседателката за труд и социјална политика Мила Царовска како дел од македонската делегација е присутна на регионалната конференција ” Унапредување на ЛГБТИ правата и еднаквоста на Западен Балкан и Турција” организирана од страна на
Косовската Влада и ЕРА.
На конференцијата поддршка дадоа Карл-Хајнц Брунер, Пратеник на Социјалдемократите во германскиот Парламент и Хозе Ангел Санторо Генерален секретар на Rаinbow Rose, мрежа на ЛГБТ луѓе во партиите на Социјалдемократите, Социјалистите и Лабуристите во Европа.
Заклучок од регионалната конференција е дека законите не се доволни, потребно ни е вистинско прифаќање и почитување на ЛГБТИ правата во регионот.
Исто така, потребни се поцврсти заложби на владите во регионот во заштитата, почитувањето и промоцијата на човековите права, како обврска од бројни потпишани и ратификувани меѓународни Конвенции.
Потребна е и поддршка на ЛГБТИ иницијативи од регионот, посебно поради правното, политичкото, економското и социјалното опкружување во кое ЛГБТИ луѓето живеат.