fbpx

Канческа Милевска и уништувачите на Плаошник ќе одговараат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Залудно министерката Канческа Милевска сака да го скрие од јавноста злосторството што го направи врз културното наследство на Плаошник.

Власта го уништи преубавиот поглед на локалитетот Плаошник, иако УНЕСКО ги предупреди да не го прават тоа.

Сите граѓани на Македонија со свои очи видоа дека ВМРО-ДПМНЕ го упропасти и забетонира едно од најубавите места во Македонија.

Ветуваме, уништувачите на културното наследство ќе одговараат, а граѓаните и туристите ќе бидат сведоци на вистинска грижа и заштита на културното богатство на Плаошник и Македонија.

Охриѓани нема да ви простат за манипулациите и криминалите на Плаошник.

По декември ќе ги стопираме сите криминални градежни активности на Плаошник, ќе ја обновиме уништената шума, ќе го зачуваме културното наследство, а Охрид ќе го вратиме на културната и туристичка мапа како светски културен центар на Словенската писменост.

 

Скопје 04.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести