fbpx

Средба Заев-Барнет: Регуларни избори се првиот чекор кон нормализација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска попладнето се сретна со потпретседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Дорис Барнет.

Тема на состанокот беше актуелната политичка ситуација и неопходноста од одржување на слободни и регуларни избори.

-Кризата кулминираше поради криминално спроведени и одржани избори, што се покажа дека се случувало и повеќе изборни циклуси наназад и таа може да се реши единствено на фер и демократски избори. Само регуларни избори се опција за нормализација на Македонија –рече претседателот Заев.

Претседателот Заев нагласи дека СДСМ работи исклучиво во насока на одржување на фер избори во декември. Исто така, веќе подолг период се организираат средби со граѓани на кои се разговара за мерките кои ќе се преземат по изборите и кои ќе бидат во насока на подигнување на животниот стандрард и целосна демократизација на Македонија.

 

 

 

 

Последни вести