Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сретна со лозарите од тиквешкиот регион кои со денови загрижено чекаат пред откупните пунктови во очекување да го предадат овогодинешниот род. Тој ја изрази својата поддршка за нив и најдиректно ја повика Владата да направи интервентен откуп на грозјето.
,,Грозјето ни скапува по нивите. Откупните пунктови се затворени. Регистрирани земјоделци сме, а не знаеме како ќе ја преживееме зимата“ се пожалија лозарите.
Претседателот Заев порача дека државата веднаш треба да интервенира и да го откупи грозјето, а потоа да договори со визбите складирање на родот.
,,Ја повикуваме Владата веднаш да се охрабри на ваков чекор. Во прашање е нашиот народ на којшто му е итно потребна помош за мирно да ја преживее зимата“ рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.