fbpx

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ од 60 милиони евра ќе биде конфискуван ако се утврди дека е стекнат криминално

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со 60 милиони евра приграбени пари од џебот на граѓаните на Македонија обвинетиот Груевски и неговата партија на власт ВМРО-ДПМНЕ купила партиски имот распространет на 33.000 метри квадратни.

ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните на кој начин стекна имот вреден 60 милиони евра.

Доколку се утврди дека овој имот е стекнат на криминален начин, тој ќе биде конфискуван и вратен на граѓаните.

За да може партијата на обвинетиот Груевски да се стекне со луксузниот имот од 60 милиони евра цели 10 години преку погубни политики ги цедеше парите од граѓаните, а државата ја презадолжуваше.

Над 500.000 граѓани на Македонија живеат под прагот на сиромаштија додека обвинетиот Груевски се вози во мерцедес од 600.000 евра и ужива во белата палата на
ВМРО-ДПМНЕ вредна неколку милиони евра.

Животниот стандард на граѓаните е сериозно уназаден токму заради таа кражба на народни пари.

По 11 декември сите украдени пари ќе им бидат вратени на граѓаните, а сите што го прекршиле законот и злоупотребиле пари на граѓаните, ќе одговараат!

Скопје, 29.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести