Соопштение за јавност
Наместо да излезат на терен меѓу лозарите, да ја согледат реалната слика и фактите, ВМРО-ДПМНЕ преку нивните мегафони коишто направија сарма од новинарските стандарди, со евтини трикови и црвени кругови се обидуваат да ги излажат граѓаните и лозарите дека има откуп на грозјето.
Откуп на грозјето нема, а ВМРО-ДПМНЕ не може ниту јавноста, ниту лозарите да ги излаже на терен. Ако не се плашеа да ги погледнат во лице, тие ќе излегоа на терен и самите ќе се увереа дали има откуп на грозјето.
Лозарите знаат да ја препознаат искрената намера на Заев и СДСМ.
Ова е последна година на неизвесност на лозарите.
По 11 декември државата ќе гарантира сигурен пласман на сите земјоделски производи, вклучително и на грозјето.
Ќе поттикнеме отворање нови пазари преку субвенционирање во висина од 30% од транспорт, а лозарите ќе добиваат сигурни и навремени субвенции тогаш кога им се најпотребни.
По 11 декември ќе им овозможиме на земјоделците да го планираат своето производство и да заработуваат од него со што ќе обезбедат добар животен стандард за семејствата.
Скопје, 28.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА