Ковачевски по изборот: Голем ден за демократијата, не чека работа за граѓаните, заедно, посветено и одговорно!

Изјава за медиуми на Димитар Ковачевски, новоизбраниот претседател на СДСМ Почитувани другарки и другари, драги социјалдемократи, Денес е голем ден за демократијата во Македонија. Денес е голем ден за внатерпартиската демократија на СДСМ. Сакам да ви се заблагодарам на сите што гласавте за нов лидер на партијата. Сакам да им се заблагодарам на сите членови […]

Ременски: Да си подадеме рака, се гледаме на победничките шини на СДСМ

Соопштение за јавноста   Кандидатката за претседателка на СДСМ Фросина Ременски, по внатрепартиските избори во СДСМ изрази благодарност до досегашниот претседател Зоран Заев за придонесот во СДСМ и за постигнатото во изминатите периоди и упати честитки до Димитар Ковачевски и на Јован Деспотовски, нагласувајќи дека СДСМ ќе продолжи понатаму да работи во континуитетот на добрите […]

Деспотовски: Да се обидеме уште повеќе за уште подобро, продолжувам да допринесувам за СДСМ!

Соопштение за јавност Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, по завршување на внатрепартиските избори, му го честиташе изборот на Димитар Ковачевски за нов лидер и повика на обединување за уште подобри резултати за граѓаните. Тој направи разлика помеѓу демократските избори во СДСМ споредбено со оние во опозицијата. Димитар Ковачевски, заедно со сите нас тука, […]

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ со освоени 37.649 гласа

Прес-конференција, Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Денеска членовите на СДСМ на демократски, тајни и непосредни внатрепартиски избори, со својот глас бираа нов претседател на партијата. На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ односно 86.5 отсто од активно регистрираните. Гласањето помина во најдобар […]

СДСМ го поддржува Синдикатот и се бори за работничките права, недела станува неработен ден, минималната плата ќе расте и натаму

Изјава за медиуми, Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, пратеничката група на СДСМ и коалицијата оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија. Средбата беше остварена на нивно барање на која што поразговаравме за три клучни барања коишто тие ги имаат […]

Гласањето се одвива непречено на сите 194 гласачки места, излезноста до 11 часот е 12%

Прес-конференција, Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена. Денеска се одржуваат вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ. Во името на Централната изборна комисија, дозволете да информирам за досегашниот тек на гласањето. Сите 194 гласачки места во 80 општини се […]

Недела неработен ден станува реалност за работниците, следува и зголемување на минималната плата

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Надлежната Собраниска комисија го усвои Предлог Законот за работни односи и даде зелено светло од први јануари да почне примената на законското решение недела да биде неработен ден. Во интерес на работниците очекуваме Законот биде усвоен и на пленарна седница. СДСМ стои зад работниците, сакаме заеднички да овозможиме позадоволни […]

Арсовска не ја почитува јавноста и нема познавања за надлежностите на Град Скопје

Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје Почитувани, Градоначалничката Данела Арсовска преку претседавачот Трајко Славески закажа седница на Советот, без при тоа благовремено да ги покани медиумите, кои редовно ја следат работата на Советот. Ваквиот потег на Данела е невиден преседан во досегашната работа на […]

Растот на БДП од 3% и растот на извозот од 29% се доказ дека македонската економија е стабилна и подготвена за следните предизвици

Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Бројни показатели потврдуваат дека, македонската економија е стабилна и е подготвена за справување со сите глобални предизвици што претстојат. Потврда за тоа е и растот на БДП во третото тромесечје од 3 отсто. Покрај Бруто домашниот производ, расте и извозот кој во првите […]

Обезбедени допонителни над 4,6 милиони евра за 1.216 нови вработувања преку Оперативниот план

Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Oбезбедeни се дополнителни 284,9 милиони денари или над 4,6 милиони евра за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување. Целта на овој чекор е да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот […]