Спасовски: Криминалните пресметки се показател за неспособноста на актуелниот министер

Одговор на новинарско прашање, Оливер Спасовски – пратеник на СДСМ   Вистинско прашање сега се поставува, зошто за само неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани. Зошто овие настани се случуваат и зошто токму овие криминални банди добиваат на значање на сила токму во овој период. Нема оправдување. […]

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР

Одговор на новинарско прашање, Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата   Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во […]

Амандмани на Буџетот: СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

Прес-конференција, Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Предлог Буџетот за 2025 година на Владата на Мицкоски покажува дека планираат само да ги задолжуваат граѓаните без да ја развиваат економијата и без да ги покачуваат платите. Погрешни и би рекол погубни се овие политики кои се преточени во […]

Тренчевска: Амандманите на СДСМ се за 20% повисоки плати и 10% повисока социјална заштита

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка   Почитувани граѓани, Почитувани медиуми ВМРО ДПМНЕ со предлог Буџетот за 2025 уште еднаш ја покажа безидејноста и незаинтересираноста за интересите на граѓаните и развојот на економијата. Ова е буџет за власта, а не за народот. Нереален, неразвоен и недомаќински, буџет во којшто нема ништо од ветувањата […]

Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

Одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче   Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит […]

Филипче: Системот „ало началниче“ е минато СДСМ нема да дозволи повторно да се врати

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче   Вчерашната собраниска Комисија за надзор на тајните служби, е само уште една потврда во каков криминал се навлезени ВМРО ДПМНЕ, со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ., смета лидерот на СДСМ, Венко Филипе. Претседателот на опозицијата на денешната прес-конференција, истакна дека ваквиот начин […]

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост поради одлуката на Владата граѓаните да ги плаќаат каматите за кредитите кои ќе се пласираат на компаниите. На денешната прес конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче остро се спротистави на оваа идеја. За претседателот Филипче неправедно е каматите и […]

Филипче: СДСМ предлага амандмани за повисоки плати, повеќе пари за земјоделците и поквалитетни јавни услуги

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче   СДСМ поднесе повеќе од 200 амандмани на Предлог Буџетот за 2025 година, со кои предлага конкретни решенија што ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните и за зајакнување на клучните сектори. Фокусот на овие амандмани е насочен кон зголемување на платите во јавниот сектор, […]

Филипче: Предлог буџетот за 2025 е неразвоен и недомаќинки, поднесуваме 200 амандмани

Соопштение – прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче   Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, […]

Сценарија на ДПМНЕ во Собранието, бегаат од јавноста поради незаконски назначениот Христовски

Изјава за медиуми, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност, ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Ова што денес го видовме на седницата на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста. Злоупотребувајќи го мнозинството тие […]