Фрустрирани од правдата, ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници

Реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ Фрустрирани од правдата и неселективното владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно однесување и во обид да ја манипулира јавноста, измислува случаи на злоупотреба, таму каде што нема. Очигледно навикнати на времето кога државата се водеше од белиот дворец и кога Груевски по телефон […]

Големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани, со неговиот Менкиновски

Соопштение за јавност   На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев. Тоа што Мицкоски рипна да го одбрани Камчев, покажува дека очигледно големи се неговите хипотеки кон Орце. Му го додели Тони Менконоски, близок соработник на Мицкоски […]

Мицкоски го брани Орце, големи се неговите хипотеки, да видиме дали може и повеќе за неговиот Камчев

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски побрза да го одбрани Орце, големи се хипотеките негови кон Камчев. Адвокат на Орце е Менкиновски, партиски функционер, човек на Мицкоски, претседател на партиската правна комисија, преговарач за Законот за ЈО…. За сите поддршки коишто Орце ги давал на ВМРО-ДПММНЕ ли Мицкоски му се оддолжува сега со дрвен адвокат? Заев […]

Од тага по Орце Камчев ли Христијан Мицкоски ја попречува набавката на вакцините?

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски здравјето на граѓаните е неважно и по секоја цена сакаат да го загрозат процесот за набавка на вакцини. Штанцаат лажни вести, фалсификуваат, пласираат лажни документи и конструкции. Дали од тага по Орце Камчев, Христијан Мицкоски ја попречува набавката […]

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата се однесува деструктивно и неодговорно на штета на јавното здравје, затоа е казнета од граѓаните

Соопштение за јавност Во текот на изминатите 12 месеци, кога нашата држава и целиот свет се бори со пандемијата, граѓаните видоа силна посветеност на Владата, институциите и на здравствениот систем во справување со пандемијата и деструктивно и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажеше […]

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што државата набавува вакцини од скоро сите производители, договори во четири очи беа нивен начин на работа

Реакција на прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ Лагите се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, па така денеска продолжија со манипулативни изјави да пласираат исмислени конструкции во врска со набавката на кинеските вакцини против Ковид 19. Позната шема Ла Верита, ВМРО-ДПМНЕ и блиски веб портали, за пласирање фалсификати, дезинформации, без никави докази, лажат дека преку фантом […]

ВМРО-ДПМНЕ свесно во Собранието кочи важни законски решенија, на штета на граѓаните и на државата

Соопштение за јавност Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, свесно и намерно со месеци во Собранието кочат важни законски решенија на штета на граѓаните и на државата. Како што претходно беа против зголемување на минималната плата, против раст на пензиите, денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа парите да завршуваат кај граѓаните и во македонската економија. Поради нивната […]

ВМРО-ДПМНЕ заглавена во криминално-режимска матрица, сака да му нанесе штета на здравствениот систем

Соопштение за јавност   ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивност, со измислени скандали за во обид да му нанесе штета на здравствениот систем, кој со сите сили се бори против пандемијата со коронавирусот. Прво во белата палата им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакцините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу […]

Со измислени скандали, ВМРО-ДПМНЕ сака да му наштети на здравствениот систем, криминалните шеми се заштитен знак на белиот дворец

Соопштение за јавност   Нема дно што ВМРО-ДПМНЕ нема да го пробие во неговите деструкции со кои сака да му наштети на здравствениот систем и да го нарушат јавното здравје. Денешните обиди да му наштетат на процесот за набавка на вакцини преку објавување на лажни документи со лажни цени, се последниот доказ за деструктивноста на […]

ВМРО-ДПМНЕ да не бара покритие за поразот што го очекува на локалните избори, измените на изборниот законик се носат со консензус

Соопштение за јавност   ВМРО-ДПМНЕ уште од сега си бара алиби за поразот што го очекува на локалните избори, закажани за октомври. Игор Јанушев, од партијата која во изминатите четири години спечали порази на сите избори, која шест пати беше казнета од граѓаните, со ширење невистини, си бара покритие за следниот дебакл. СДСМ поддржува гласање […]