Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ уште од сега си бара алиби за поразот што го очекува на локалните избори, закажани за октомври.
Игор Јанушев, од партијата која во изминатите четири години спечали порази на сите избори, која шест пати беше казнета од граѓаните, со ширење невистини, си бара покритие за следниот дебакл.
СДСМ поддржува гласање со отпечаток на прст и не е против како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, но секогаш кога станува збор за измени на Изборниот законик тие се носат со консензус и сите политички чинители треба да се согласат за измени во Изборниот Законик.
Изборните измами 11 години беа специјалност на ВМРО-ДПМНЕ, а сите избори што СДСМ ги организираше во изминатите четири години од меѓународните организации се оценети како фер и демократски.