Соопштение за јавност
Нема дно што ВМРО-ДПМНЕ нема да го пробие во неговите деструкции со кои сака да му наштети на здравствениот систем и да го нарушат јавното здравје.
Денешните обиди да му наштетат на процесот за набавка на вакцини преку објавување на лажни документи со лажни цени, се последниот доказ за деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.
На ВМРО-ДПМНЕ прво им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакццините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини .
Нека одлучат во белиот дворец што им пречи, затоа што само блокираат и саботираат.
Криминални тендери, фатном фирми и шемите од Белизе се заштитниот знак на ВМРО-ДПМНЕ, партија која и денес е заглавена во криминално-режимската матрица и затоа постојано губи од граѓаните.