Предвреме исполнето ветување на СДСМ за просечна плата над 34.000 денари

Успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат видливи резултати. СДСМ предвреме го исполни ветувањето дадено пред граѓаните во програмата за парламентарните избори во 2020 година, за просечна плата од над 34.000 денари до јули 2024 година. Просечната плата во декември 2022 година се искачи на 34.364 денари. За само една година таа […]

Капитулација на Мицкоски, нема избори-има зголемено парламентарно мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капиталуција на Христијан Мицкоски на тема предвремени избори. Со гласање на 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство на СДСМ и коалицијата. Пропаднаа сите лажни изјави на Христијан Мицкоски дека ќе има ново мнозинство, дека собранието ќе се распушти, дека владата само што не паднала. Се покажа […]

Ковачевски: Ветингот е потребен, за негово спроведување разговараме и со Европската комсија

Соопштение за јавност Ветингот не може да се однесува само на судиите и обвинителите, тој се однесува на сите избрани и именувани функционери, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во реплика на собраниската седница. „Потребен ни е ветинг затоа што ние како држава 31 година го немаме направено, затоа што немало полиитчка волја. Вие […]

Средба на Зечевиќ со Јохан Шмидт и високи претставници од Олаф Палме Меѓународен центар

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ-Вардарски, Меѓународниот секретар, Бојан Маричиќ и членката на ИО на СДСМ, Тања Томиќ доцна попладнево се сретнаа со Јохан Шмидт, Шеф на тимот за Европа на Олаф Палме Меѓународниот центар, Јонас Андерсон, Програмски менаџер за поддршка на политичките партии за Западен Балкан и Левенд Бичаку, Програмски менаџер за Косово и […]

Реакција на пратеничките од мнозинството за обидот за физички напад на пратеникот Бране Петрушевски и навредите кон пратеничката Лазаревска

Соопштение за јавност Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, токму ние жените пратенички сме секојдневно изложени на политичка некултура, шовинизам и сексизам од страна на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Вознемирени сме од денешниот чин на брутална навреда, вербален и обид за […]

Митрески: Ја разбирам нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ, немаат ниту мнозинство ниту избори

Соопштение за јавност Во процедурално обраќање, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека тој лично ја разбира нивната нервоза, затоа што се што најавуваа на крајот не им успеа. „За крајот на февруари најавивте ново мнозинство, но на крајот се случи спротивното и сега сте […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капитулација на Мицкоски за предвремени избори

Соопштение за јавност Единствената тема на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години е предвремени избори. Борба за фотелја и ништо друго. Денес ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капиталуција на Мицкоски на тема предвремени избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање денеска во Собранието. -Најболното прашање на […]

Потпретседателот Битиќи на ТВ Шења: Промената се случува, ја стабилизиравме енергетската криза и го одржуваме ветувањето за покачување на платите

Потпретседателот Фатмир Битиќи, во интервју за ТВ Шења, изјави дека од осамостојувањето на државата па се до последните пет години, многу малку е кажано и направено за економијата во земјава, а фокусот е ставен на политиката затоа што во неможноста да се создаде благосостојба за населението, преку политиката јавноста е дефокусирана. Во Владата има консензус […]

Каевски: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се поради тоа што им пропаднаа лагите за ново мнозинство и предвремени избори

Функционалноста на Собранието не е одговорност само на пратениците од владејачкото мнозинство, туку одговорност на сите пратеници, впрочем ние добиваме плата од граѓаните за да работиме, Собранието да биде сервис за граѓаните, а не да биде можност опозицијата да ги користи сите алатки и механизми за да блокира и да покаже дека одреден дел од […]

Зголемен извоз и нови работни места во ТИРЗ и во 2023 година

ТИРЗ ја започнува годинава, исто како што ја заврши 2022, со позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Во споредба со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 отсто, односно за 9 […]