fbpx

Вонредни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ​

Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија како модерна, отворена и демократска партија, согласно Статутот, Претседателот на партија го избира на непосредни, внатрепартиски избори. 

Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор СДСМ објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДСМ.

Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Вонредните внатрепартиски избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни 2024 година (недела).

Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во Правилникот за критериумите, начинот и постапата за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.

Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво.

Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.

Периодот за Активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Членовите можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација којашто е достапна на интернет страницата на СДСМ или втората опција преку општинските организации на СДСМ.

Рокот за активна регистрација продолжен до 23.06.2024 година

 

Документи поврзани со изборот на претседател на едно место:​

Одлука за распишување на внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ:

Централна изборна комисија на СДСМ:

Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ:

Правилник за начинот и постапката за активнарегистрација на членови на СДСМ:

Отворен повик за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДСМ:

Пријава за самокандидирање за кандидат за Претседател на СДСМ:

Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на вонредни избори за Претседател на СДСМ и за начинот и постапката за активна регистрација:

Утврдена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ

Програми

Распоред на средби со членови на кандидатите за Претседател

Славјанка Петровска

Венко Филипче

Јован Деспотовски

Александар Бајдевски

Останати документи