fbpx

И оваа зима проблеми со струја и греење, иако за РЕК отидоа над милијарда евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани,

Раководството на РЕК Битола е должно веднаш да им одговори на граѓаните дали се загрозени грејната сезона и производството на електрична енергија?

Зошто е новата хаварија во електроенергетскиот комбинат и дали повторно работи само еден од трите блокови?

Блок 1 е исклучен подолг временски период. Блок 2 беше исклучен вчера.

Дали РЕК Битола нема доволно јаглен за нормално функционирање и затоа е исклучен блокот?

Покрај сите милионски договори за ископ на јаглен, менаџерите од ВМРО-ДПМНЕ во РЕК Битола не можат да обезбедат јаглен за месец септември?!

Што ќе се случи тогаш со новата грејната сезона? Дали со ова граѓаните се доведени во ризик за недостиг од топлинска и електрична едергија?

Во пролог на ова соопштиение има фотографии како изгледаат блоковите кога се хаварија.

Овие фотографии се направени само пред извесно време и од нив се гледа дека таа хаварија е направена од замор на материјалот.

Промена само на еден ваков дел чини повеќе од 1.000.000 евра!

А досега власта потроши, според проценките, над една милијарда евра во РЕК Битола за наводни ремонти и модерницазии од што бенефитот е само во џебовите на фамилијата. Бидејки секоја зимска сезона РЕК БИтола едвај ја издржува, поради што е намалено произодството на струја на доманиот комбинат и плаќаме скапа увезена струка!

Предупредивме дека раководството на РЕК Битола работи неодговорното, има и сериозни индициции дека работат и криминално, а со вакви испади се загрозени и животи на работници!

За ова по декември одговорност ќе има.

Скопје, 20.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести