fbpx

Радиодифузна такса граѓаните нема да плаќаат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Управата за јавни приходи да не помисли да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса!

Нема право УЈП да си поигрува со егзистенцијата на десетици илјади луѓе кои живеат во тешка сиромаштија како и мнозинството граѓани во Македонија, токму поради политиките на арач на алчната власт на Груевски.

УЈП е инструмент на неправедната власт, која калеми и толерира милионски долгови на јавните претпријатија, ама сака да им го одземе лебот на сиромашните.

Веднаш по изборите во декември, граѓаните ќе бидат ослободени од оваа јавна давачка и нема да плаќаат за радиодифузна такса!

Новата Влада ќе направи законски измени со коишто Македонската радиотелевизија ќе се финансира директно од Буџетот.

 

Скопје, 14.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести