fbpx

Алтипармаков ја издаде Култура, криеле за Хераклеа, следуваат промени и одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Директорот на Заводот и музеј во Битола, Зоран Алтипармаков ги потврди информациите на СДСМ, дека на Хераклеа се случуваат пукнатини и оштетувања на мозаици поради несоодветни подлоги!

Оваа потврда на Алтипармаков покажува дека Министертсвото за култура крие што се случува со Хераклеа. Затоа се нервозни.

Министертсвото за култура ќе сноси одговорност за негрижата кон културното наследство во Македонија.

Зошто на Министерството за култура му требаа 10 години за проценка на состојбата на овој значаен локалитет?

Хераклеа е вистински пример дека актуелната власт се грижи само за свои лични интереси и ништо друго.

Да беше Министерството за култура посветено на Хераклеа и на вистинските културни наследства како што се посветени на гипс картонот и барокот, локалитетот немаше да биде во оваа состојба.

Хераклеа е само едно од оштетените културни наследства поради штетните политики на оваа власт.

Никогаш повеќе нема да дозволиме културното наследство на Македонија да се распаѓа. Наследството ќе го чуваме со најсовремени начини на конзервација, со закон ќе ги заштитиме сите споменици од национално значење и ќе вложуваме во нив врз основа на вредност и степен на загрозеност, а не врз партиски идеологии, ќе специјализираме кадри за соодветна конзервација и реставрација и ќе инвестираме во опрема.

На ова се обврзуваме во Програмата и ќе го направиме веднаш по промените во Македонија што ќе се случат многу брзо.

Скопје, 31.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести