Соопштение за јавност
Кирил Миноски додека се подготвува кривично да одговара за незаконски издадената 450-милионска обврзница, итно да ги откаже аукциите на домашниот пазар на капитал.
Самото одржување на аукција на домашниот пазар на капитал во текот на вчерашниот ден е потврда дека власта на Никола Груевски не може да функционира без нови задолжувања.
Малку им беа 450-те милиони евра со коишто ги задолжија граѓаните преку еврообврзницата, па уште Груевски преку Миноски вчера ги задолжи граѓаните со нови 9.26 милиони евра на домашниот пазар.
Го потсетуваме Миноски дека пред Управниот Суд на Р.Македонија сеуште се води постапка за законитоста на сите домашни аукции на државни хартии од вредност одржани од почетокот на 2016 година!
Управниот Суд мора да донесе одлука по тужбата за постапката по којашто се одржуваат аукциите на државни хартии од вредност.
Миноски влегува во нови незаконски дела!
Скопје, 27.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА