Соопштение за јавност
Филипче: Мицкоски е разоткриен манипулант
Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност. Власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена своина, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанската трибина во Капрош.
Во своето обраќање, Филипче истакна дека институциите се урнисани и партизирани, судството е заробено, јавниот интерес е последен на листата на интереси на Мицкоски.
-По година и пол власт, немаат со што да се пофалат и се бават само со мене и со СДСМ. Мицкоски не е излезен од филмот на опозиција ни по година и пол власт. Но тоа е така затоа што е неспособен, неодговорен и пред сè, разоткриен манипулант, нагласи Филипче.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ толку се одалечија од луѓето и нивните проблеми што ниту нивните гласачи веќе не ги препознаваат.
-Ако пред година и пол луѓето веруваа во промена, и со право ја бараа, денес е јасно дека промената е всушност десет чекори назад, режимски политики, јавен линч, неспособност и отуѓеност. Македонија се соочува со власт во која, луѓето, сте само бројка на списокот. Се владее со страв и омраза, со поделби и лажни патриотски фрази, наместо со визија и со одговорност, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанската трибина во Капрош.