Соопштение за јавност
Филипче од Карпош: Глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за уште еден пиун на олигархијата
„Карпош знаел да ги препознае и ќе ги препознае оние кои лажат и манипулираат, кои се кандидираат за лични и бизнис интереси, токму како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Карпош знае дека глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за уште еден пиун на олигархијата, кој ќе работи под директна контрола на Мицкоски и на оние кои го плаќаат”, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, која се одржува во општина Карпош.
Филипче порача дека СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ нуди кандидати со јасен интегритет и визија за граѓаните и од карпошани побара да размислувуваат како што најдобро знаат и да донесат правилна одлука на локалните избори.
„Карпош отсекогаш бил симбол на свесност, на критичка мисла, на граѓани кои не прифаќаат да бидат неми сведоци на неправдите”, истакна д-р Филипче.
Тој додаде дека Карпош е место каде живеат слободни и слободоумни граѓани, кои секогаш носат одлуки во најдобар интерес за себе и за општината, напоменувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ имаат план за бетонизација на општината.
„И да не биде дека не сме кажале да знаете дека целта на ВМРО-ДОМНЕ е бетонизација на потегот од салата Борис Трајковски до мостот на Влае”, нагласи д-р Филипче.
Лидерот на СДСМ ви своето обраќање истакна дека има целосна доверба во граѓаните на Карпош, кои и ќе го препознаат вистинскиот избор.
„Затоа силно верувам дека на 19 октомври Карпош ќе гласа за Маја и за Каја – две силни жени. Жени докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби”, порача претседателот на СДСМ, д-р Филипче на граѓанската трибина во Карпош.