Филипче од Неготино: Власта на Мицкоски го сруши достоинството на лозарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ако има една вистинска слика за тоа колку е оваа власт оддалечена од народот, тоа е состојбата со лозарите. Власта на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на лозарите. Наместо поддршка, наместо стабилна цена и фер третман, добија неизвесност, лажни ветувања и уцени“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од трибината во Неготино.

Филипче нагласи дека СДСМ однапред ги предупреди за проблемите и предложи јасни и конкретни мерки за нивно решавање.

„Дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје и целосна заштита на производствената цена, како што налага законот што ние го донесовме. Но, оваа влада не прифати ништо. Наместо да ги заштитат лозарите, намерно не ја објавија производствената цена, за да можат винариите по нивна директива да ја диктираат откупната цена. Тоа е понижување! Тоа е систем што работи против луѓето што создаваат!“, рече Филипче.

Тој истакна дека ако се погледне пошироко, се гледа иста слика на економска стагнација и инфраструктурен застој.

„Неготино во последните четири години е град во кој ништо не се движи напред. Неготино беше град со потенцијал, град кој имаше енергија и шанса да биде центар на тиквешката економија. Денес е град кој го изгуби чекорот со времето. И не затоа што народот не знае да работи, туку затоа што власта не знае да води, потенцираше Филипче.