fbpx

Богоев во Црна Гора: Поддршка за демократска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев заедно со секретарот на СДММ, Трајче Нешковски и членот на Извршниот одбор, Ристе Талески се гости на седмиот Конгрес на Советот на млади, на Демократската партија на социјалисти од Црна Гора.

Денеска, обраќање пред делегатите на Конгресот имаше Стефан Богоев.

Богоев се осврна на актуелната политичка ситуација во земјата, посочувајќи дека во Македонија се враќаат правдата и слободата.

Интензивната меѓународна соработка и поддршка е добредојдена за граѓаните на Република Македонија. Овој период гледаме како целиот демократски свет алармира за недемократската власт во Македонија, се бара враќање на правдата и почитување на законите.

Поддршката од Балканот и регионот исто така ни помага во борбата со режимот, затоа што стабилна Македонија придонесува и за стабилен регион.

Нашата цел е Македонија повторно да се врати на патот на евроинтеграциите, рече Богоев.

 

 

 

Последни вести