Го прашавме чатботот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Го прашавме чатботот што значи поимот „ќаци“.

Тој ни одговори:
„Ќаци е сатиричен прекар за политички ботови, тролови или препишувачи кои слепо копираат пропаганда. Најчесто се поврзува со српските политички кругови околу Вучиќ, каде што терминот ‘ќаќа’ (ćaća) се користи за водачот, а ‘ќаци’ (ćaci) ги означува неговите ‘ученици’ или имитатори кои ги повторуваат истите фрази без никаква оригиналност.“

Самиот назив „ќаци“ настанал во Нови Сад, како реакција на протестите на учениците и студентите. Член на СНС, како што се претпоставува, напишал на портата од едно училиште: „Ќаќа (ćaća) во школо“. Бидејќи не ја знаел разликата, станал предмет на потсмев – човек кој очигледно не е писмен, повикува ученици да се вратат во училиште.

Во Србија, секогаш кога Вучиќ немал одговор на бројни прашања, започнал да ги копира студентските шеги и пораки – секако, неуспешно.

Деновиве сме сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ ги препишува нашите соопштенија и реакции.
Ако се споредат со српските „ќаци“ ќе се види дека се идентични по стил, фразеологија и пропаганда.

Се појави и нова верзија: ДПМНЕ има свои „ќаци“ кои директно препишуваат од српските „ќаци“. Во Македонија се познати како „Ќаци 2.0“, уште полоша верзија од првичната бета-верзија, која барем не беше толку предвидлива и очигледна во копирањето.

Апелираме до ДПМНЕ да си ги „наштелува“ своите ќаци и да престане да ја следи логиката на „школото на Вучиќ“, затоа што народот повеќе не верува во вакви глупости и само се прашува како е можно таков распад да ѝ се случува на таа партија.

Поентата е јасна: дури и да имаш „ќаци“ кои ти помагаат, мора да имаш сопствена интелигенција за да ги водиш, а не само пари и наредби од Белград.

Со оглед на тоа што еден од главните столбови во програмата на ДПМНЕ е инвестирање во вештачка интелигенција, ве молиме – започнете со таа инвестиција уште денес.