Филипче: Нема пари за 600 евра минимална плата, има за 161 тендер

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за проблемите со кои граѓаните се соочуваат граѓаните и затоа постојано прави дефокус. Нема пари зголемување на минимална плата од 600 евра, а под маса си делат тендери.

„Стандардот на граѓаните опаѓа секој ден, а власта не презема ништо. Нема одговор за дупката од 2 милијарди евра, нема одговор за минимална плата од 600тини евра, нема одговор за катастрофата во економијата. Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а под маса си делат тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општините, 1,2 милиони евра тендери преку пошта, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени. “, рече Филипче.

Во своето обраќање, тој истакна дека нема одговор ниту реакција од ниту една институција во однос на криминалните тендери што СДСМ и Антикорупцискиот тим ги објавуваат секојдневно, има само дефокус.

„СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека во државата нема пари. Владата го потврди тоа, со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзница, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ. Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат. Како што објавија британските медиуми, кредитите од 6 милијарди евра, за пополнување на дупките во буџетот се дел од договорот. Пред нос ни носат 10.000 „економски работници“ додека на граѓаните им се сервираат измислици. Така функционира оваа власт“, порача Филипче.