Филипче: СДСМ е конструктивна а не контролирана опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е конструктивна, а не неконтролирана опозиција, како некои други, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, додавајќи дека партијата континуирано се залага за клучните политики и закони, кои беа одбиени од власта.

„Бевме конструктивни за реформските закони, за законите за поголема минимална плата кои беа одбиени, за поголеми примања во приватниот сектор, исто така беа обиени, за намалување на цените на храната. Исто така бевме одбиени, за намалување на цената на струјата. Владата не одби за сè.“, потенцираше Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ е конструктивна и во Собранието за прашања од јавен интерес во однос на анкетната комисија поврзана за трагедијата во Кочани, која тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ ја преврти целосно и сега не се спроведува.

– Бевме конструктивни и во однос на запирањето на проектот мигранти за пари. Понудивме Резолуција што сакавме заеднички да ја потпишеме и поднесеме во Собранието, за да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните. За возврат, од тендер-коалицијата добивме Декрет по примерот на Третиот рајх, со кој се забранува слободата на говор, посочи Филипче.

СДСМ е конструктивна и во однос на безбедносниот сообраќаен проект „Safe City“, започнат во време на владата на СДСМ, со цел да се усвојат механизми и да се води сметка за контролата на огромната количина на податоци кој овој систем ќе ја контролира, но никој од Владата нема слух за ова.

– Велат дека не сме биле конструктивни затоа што одбивме средба со тендер-коалицијата во врска со укинувањето на единствениот механизам кој може да обезбеди фер и демократски избори. Како да бидеме конструктивни со поддршка на ваква организирана криминална група? Тоа не се вика конструктивност, туку соучесништво во криминал и корупција. Ние тоа го одбивме. Контролираната опозиција видовме отиде на таа средба , и видовте дека ништо не се договори, затоа што целта не беше договор, туку давање легитимитет на оваа тендер-коалиција, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.