Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека најзагрижувачка е сè поизразената антиевропска реторика на Владата и постојаното префрлање на вината кон Европската Унија, додека клучните обврски во државата остануваат несработени, а последиците ги трпи бизнисот.
„Знаевме дека во 2025-та година таква одлука донесе Европската Унија, се поставува прашањето што Владата направи на тоа поле? Ако Европската Унија јасно кажала дека ги менува плановите, регулативите за движење, воведување на електронски систем минатата година, прашањето е што ние направивме? Ограничувањето на движењето не е само за камионџиите, и за другите луѓе кои што имаат работа, кои што имаат бизниси. Очигледно е дека владата не прави ништо, а не правејќи ништо ние ќе бидеме сѐ поизолирани“, рече Филипче.
Филипче нагласи и дека последиците не ги трпат само превозниците, туку и бизнисите, индустријата, студентите и сите граѓани кои имаат професионални или лични обврски надвор од државата.
„Гледајте каде сме, гледајте какви проблеми има, гледајте какви протести има. Ќе страда индустријата во следниот период, нема повеќе да функционира како што функционираше досега транспортниот сектор. Камионџиите ги блокираат граничните, а, премини, не без причина. Тие имаат реален проблем. Граѓаните ќе имаат сѐ поголем проблем. И не се само превозниците. Многу други граѓани имаат проблем на повеќе нивоа. Повеќе работи се под ризик во земјава. Меѓунационалните односи со прогресот на Албанија кон Европската Унија. Студентите ако сакаат, може да студираат надвор за десет пати помалку пари, ако сме земја членка на Европската Унија, наспроти сега. Со оваа влада, со изолацијата која што намерно се наметнува, сè страда во државата. Сè буквално“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Владата знаела дека Европската Унија ќе донесе ваква одлука, но со тоа што повторно ништо не презела за навремена подготовка е очигледен доказ за намерна изолација на државата, преку сомнителни соработки, приближување кон авторитарни режими и систематско гушење на демократијата и слободата на говор.



