Соопштение за јавност
„Легитимни се барањата на работниците, луѓето не може крај со крај да врзат. Ни две, ни три плати не се доволни за синдикалната кошничка“. Ова денеска го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Во интервјуто, тој даде осврт на поскапувањето на цените – третина оди за храна, пијалоци, струјата е поскапена, а сметките секаде ги поскапуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Неколкукратно пораст на комуналните трошоци. Каде се другите трошоци за образование на деца? Тоа се реални потреби на работниците. Не може оваа влада да затвора очи и туку така да ги откачува додека премиерот кажува колку ќе се трошело струја во регионот во следните сто години“, рече Филипче.
Филипче, потенцираше дека политиките на владата се лицемерни затоа што сега имаат механизми и можност за зголемување на платите. Тој нагласи дека минималната плата била 150 евра, а во времето на СДСМ била зголемена на 400 евра, со систем во којшто ќе стигнела до 500 евра.
„Ние повеќе од 100% ја зголемивме. Значи, имаше континуиран процес на раст. Како се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни? Тоа што и сега, и тоа не сега а пропо протестите. Во 2024 поднесовме исто така закон, да се зголеми минималната плата, којашто оваа власт го одби. Ајде да видиме сега што ќе прават со законот којшто го поднесуваме во Собранието“, порача Филипче.
Линк до видео:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/33664761.html



