Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за Радио Слободна Европа потенцира дека намерно се влошуваат односите со соседите, а власта ја турка земјата кон изолација, кадешто во моментов сме на маргините на Европа.
„Зарем не Ви е доволно што сме целосно изолирани и не се прави никаков чекор напред кон Европската Унија? Зарем не Ви е доволно тоа што оваа влада има антиевропски манири на практикувањето на власта? Еве спомнав неколку, ќе додадам уште некој. Освен сомнителниот капитал од Србија, освен врските со луѓето коишто се блиски на Путин, што се прави за да се продолжи европскиот пат на земјата, којшто е стратешки правец од моментот кога сме ние независна држава? Од 90-те години не се прави ништо. Намерно се влошуваат односите со соседите. Препукување, навреди за политичари во Бугарија, изјави на премиерот дека го вратил уставното име, па стигнува протестна нота од Грција. Тоа не е во манирот на добрососедските односи. Еве никаков чекор напред, ниту за нешто што се практични решенија и потреби на граѓаните“, рече Филипче.
Филипче, информира дека не се имплементирани препораките од оценската мисија во Законот за Судски совет, затоа што владата само сака да прикаже дека се спроведува реформата.
„Се знае што е на масата. На масата има и конкретен предлог и оваа влада мора да знае дека треба да престане да ги лаже граѓаните. Ветуваа измена на преговарачката рамка не е возможно да се случи. Ги плашат граѓаните само уште ова, дека имаме некаков ризик од загрозување на нашите национални идентитетски прашања карактеристики во рамките на преговори. Тоа не е точно. Стигнува демант од Бугарија. Треба да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата, да почнат вистински реформите, затоа што сѐ друго е целосно маргинализирање на оваа земја. Ние останавме, во овој момент сме на маргините на Европа“, изјави Филипче.
Линк до видео:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/33664761.html



