Соопштение за јавност
Вака изгледа кога ВМРО нема одговор за часовниците на Мицкоски од 65.000 евра, за криминалните тендери, за сликите на Мицкоски со криминалци, за дрогата од 5 тони.
Нема пари за поголеми плати за работниците, има пари да се планира купување нов авион, за Мицкоски туристички да патува како во Давос.
Веднаш се става во погон партиската говорница на ВМРО и медиумските кујни на Орбан: Секојдневно се напаѓа СДСМ, а сега и Синдикатот, дека не биле констуктивни, инаку платите на работниците ќе пораснеле.
СДСМ како и секогаш, беше конструктивна и ги поддржа барањата на работниците, поднесовме Закон за покачување на минималната плата на 600 евра, но власта одбива да ги покачи платите.
Мицкоски си поингрува со достоинство на работниците, јавно се шали, им дели услови им кажува кого чекал во четврток, им дели задачи.
Прашање е зошто Валентин Манасиевски го напаѓа синдикатот и не се бори за поголеми плати кога неговата сопруга работи во Министерство за дигитална трансформација?
Или има дополнителни приходи од тендери па нема потреба?



