Работниците немаат за леб а владата мисли да купува авион за Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос.

Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра.

За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.

Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.

Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања.

Ученикот сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот.

И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма?

Малку да не им се 161 тендер досега?

Сè е бизнис во ВМРО.