Врв на безобразие – владата на Мицкоски нема пари за плати, има за нов авион

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, додека синдикалната кошница надмина 66.000 денари, од Владата слушаме најави за купување авион за Мицкоски од стотици милиони евра.

Ова е врв на безобразие.

Нема пари за минималната плата од 600 евра – има за нов авион за Мицкоски.

За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за нов авион за Мицкоски уште стотици милиони евра повеќе нема да бидат доволно.

Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Мицкоски веќе има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања.

За оваа Влада приоритет не се граѓаните, туку луксузот на Мицкоски.